Насловна / Вести / Македонија во 2018 ќе потроши повеќе енергија од годинава

Македонија во 2018 ќе потроши повеќе енергија од годинава

Македонија догодина ќе потроши за 2,7 отсто повеќе финална енергија од годинава, предвидува Енергетскиот биланс за 2018 година. Најголемо учество во потрошената енергија ќе имаат нафтените продукти со 51,5 отсто по што ќе следи електричната енергија со 28, биомасата со 10,5 и јаглените со 5,3 отсто.струја

Како што беше истакнато на седницата на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) на која се разгледуваше Енергетскиот биланс, 39 отсто од вкупната потрошувачка на финална енергија ќе ја апсорбира сообраќајот, 27 отсто индустријата, 26 отсто домаќинствата, пет отсто комерцијалниот и услужниот сектор, еден отсто земјоделството, … Производството на електрична енергија се предвидува да изнесува 5.766 гигават часови или за три отсто повеќе од 2017 година.

Испрати коментар

Scroll To Top