Насловна / Вести / Македонија со национална акција за чистење

Македонија со национална акција за чистење

Во сабота на 150 локации во 50 општини низ Македонија ќе се одржи национална акција за чистење, чија цел е да се намалат количините на несоодветно депонираниот отпад.

Со оваа акција Република Македонија се вклучува во глобалната акција Let do it world, поддржана од Европскиот парламент и спроведена во 127 земји во 2015 година.prikluchise-i-ti

Националната акција е во рамки на проектот „Македонија без отпад 2016“, кој има за цел да го исчисти отпадот што се наоѓа на несоодветни места во околината, да развие свест кај граѓаните и да развие механизам за поддршка меѓу општините.

Како најава за националната акција, утре во 10 часот на Матка ќе се организира промотивна акција за чистење.

Учество потврдија голем број на граѓански организации, општини, училишта, компании и волонтери кои ќе помогнат, како што велат, „Да ги исчистиме илузиите дека отпадот ќе исчезне сам“.

Сите заинтересирани може да се информираат на овој линк да се приклучат http://ajdemakedonija.mk/mk/news/makedonija-bez-otpad-2016

Испрати коментар

Scroll To Top