Насловна / Вести / Majorelle ботаничката градина во Мароко

Majorelle ботаничката градина во Мароко

Majorelle е ботаничката градина и уметнички пејзаж во Маракеш,Мароко. Градината е осмислена и дизајнирана од францускиот уметник Jacques Majorelle во 1920-тите и 1930-тите години, за време на колонијалниот период, кога Мароко бил француски протекторат.

1_resize

Jacques Majorelle во 1917 година пристигнал во Мароко. Откако поминал кратко време во Казабланка, тој отпатувал во Маракеш и како и многумина негови современици, се вљубил во живописните бои и уличниот живот кој го видел таму. Откако патувал низ Северна Африка и Медитеранот, тој на крајот решил да се насели трајно во Маракеш и ја создал прекрасната градина.

6_resize 8_resize

Од 1947. година градината е отворена за јавност. Градините и зградите формираат комплекс, каде специфични објекти се посветени на разни музеи и експонати. Градините, кои опфаќаат 2.5 хектари, се отворени за јавноста секојдневно и содржат важна колекција кактуси и скулптури.

11_resize 9_resize

Majorelle од 1980. година станала сопственост на Yves Saint-Laurenta и Pierra Bergéa. По смртта на Yves Saint-Laurenta во 2008. година, неговата пепел е посипана по ботаничката градина. Во градината исто така се наоѓа и исламски музеј, во чија колекција се наоѓа и северноафрички текстил од личната збирка на Saint-Laurenta, како и разна керамика, накит и уметнички слики од Jacques Majorelle.

5_resize

12_resize

Карактеристичната нијанса на сина боја која во голема мера уметникот Majorelle ја користел во градината, добила име по него – bleu Majorelle. Во градината има растенија од сите пет континенти, а воглавном се кактуси и бугенвилии.

2_resize Jardin Majorelle, Marrakech 4_resize

10_resize

Испрати коментар

Scroll To Top