Насловна / Вести / Од „загадено мочуриште“ до зелен кампус

Од „загадено мочуриште“ до зелен кампус

WOHA е назначен да го дизајнира универзитетскиот кампус БРАК во Дака, главниот град на Бангладеш. Проектот вклучува претворање на „загадено мочуриште“ во зелен кампус што ќе има одржлив дизајн. Сончевата енергија ќе се користи за напојување, додека ќе бидат вклучени и системи за собирање на дождовница.

mocuriste
Зградата е висока 45 метри и треба да биде завршена во 2021 година. Инспириран е од најголемата светска мангрова шума „Sundarbarns“ – локален национален парк со тропска крајбрежна вегетација. Регионот Sundarbarns има посебни екосистеми над и под нивото на морето.

mocuriste2
Од WOHA велат дека кампусот зафаќа површина од 88 илјади квадратни метри  и е поделен на два различни делови: приватниот дел „Академија“ со настрешница каде ќе се учи и јавниот „Кампус парк“ на приземјето, создадено со рехабилитација на постојната загадена мочуришна вода во езерце со бујна флора и фауна. Како срцето и социјалното јадро за над 10 илјади студенти и пошироката заедница, долниот дел ќе дејствува како место за собирање и за повеќенаменската сала и за јавната галерија на Универзитетот.

mocuriste1
„Академија“ ќе го заштити „Кампус паркот“ од сонцето и обилните монсунски дождови, додека испарувањето дополнително ќе ја намали температурата на околината, создавајќи пријатна микро клима.

mocuriste4
Локалитетот е прилично преполн и изграден, така што наместо на земја, стазите за трчање, базенот и терените за рекреација ќе бидат на покривот. Областа ќе биде „покриена“ со соларни панели што ќе ги напојуваат климатизерите и осветлувањето.

mocuriste3
Други одржливи и енергетски ефикасни елементи на проектот се системите за собирање и рециклирање на дождовница, како и фокусирање на вкрстена вентилација и максимизирање на природната светлина. Надворешноста ќе има засенчени области, како и повеќе од 26 илјади квадратни метри зеленило на ридовите. Покрај тоа, изгледот на ентериерот е флексибилен за да може да се прилагоди на идните промени.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top