Насловна / Вести / Во азербејџанскиот дел на Касписко море пронајдени резерви од нафта

Во азербејџанскиот дел на Касписко море пронајдени резерви од нафта

Во азербејџанскиот дел на Касписко море, на оддалеченост од 120 километри од брегот, пронајдено е нафтено поле со резерви од 60 милиони тони. Во соопштението на азербејџанската државна нафтена компанија SOCAR наведено е дека во заедничката студија со норвешката компанија Equinor, пронајдено е наоѓалиште на нафта, и дека со ова нафтено поле заеднички ќе стопанисуваат двете компании. Локалитетот под името Karabagh се проценува дека има резерви од околу 60 милиони тони. На споменатата локација вршени биле истражувања и во 1997 година, но не резултирале со успех.

karabag1

karabag3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top