Насловна / Арт и дизајн / Лувр е прогласен за најпопуларен музеј во светот

Лувр е прогласен за најпопуларен музеј во светот

luvr najposeten muzej_3

Музејот Лувр се наоѓа на врвот на листата на најпосетени музеи во светот, според весникот The Art Newspaper.

Музејот својата позиција на врвот ја задржа иако оваа година имало 500.000 помалку посетители, но својата глад за уметност во Музејот ја задоволиле 9,3 милиони посетители.

Metropolitan Museum

Британски музеј, Лондон

На второ место се нашол Британскиот музеј со 6,7 милиони посетители, а следи њујоршкиот Метрополитен со 6,2 милиони.

luvr najposeten muzej_2

Метрополитен музеј, Њујорк

Националната галерија во Лондон е исто така на високо место со шест милиони посетители годишно, иако оваа година немале ниту една голема изложба, а Тејт Модерн покрај фантастичната ретроспектива на Рој Лихтенштајн остана на шесто место со 4,8 милиони  посетители. За споредба, минатата година имале 500.000 повеќе обожаватели на современа уметност.

Испрати коментар

Scroll To Top