Насловна / Архитектура / Луксузно тајно скривалиште

Луксузно тајно скривалиште

luksuzno skrivaliste_7

Новата генерација на луксузен дизајн за куќичка на дрво ги претвора детските соништа во реалност. Кога зборуваме за куќички на дрво, германската компанија Baumraum ја има водечката улога. Baumraum е водечка компанија специјализирана за планирање и развој за овој вид на архитектура и градење. Со проектите реализирани во разни делови во светот, Baumraum е познат по својот модерен, футуристички пристап кој успева да го одржи вистинскиот „дух“ на куќичка на дрво. Императивот е да се заштити природата и да се има најмалку можно влијание врз животната средина за време на конструирањето и интеграцијата.

luksuzno skrivaliste_6 luksuzno skrivaliste_5

Една од нивните успешни решенија е куќичката Djuren во северниот дел на Германија, која совршено ја илустрира филозофијата на компанијата; луксузно мало скривалиште со природно- футуристички дизајн.
Елипсоидниот облик на куќичката совршено се вклопува во шумата. Елипсовидната база се наоѓа на четири челични носачи, додека со дрвена конструкција е прицврстена за дрвото. Исто така, тука се и две тераси, кои водат од врвот на куќичката кон земјата. Ентериерот е минималистички и удобно исполнет со перници и удобни кревети. Целата идеја е подредена на идеално место за релаксација и да се побегне од стресовите.luksuzno skrivaliste_4 luksuzno skrivaliste_3 luksuzno skrivaliste_2 luksuzno skrivaliste_1

Испрати коментар

Scroll To Top