Насловна / Вести / Луксузниот Orient – Express добива нови гламурозни кабини

Луксузниот Orient – Express добива нови гламурозни кабини

Еден од најлуксузаните возови на светот наскоро ќе добие надградба. Од 2020 година иконата на Венеција,  Simplon-Orient-Express ќе може да се пофали со три нови луксузни купеа, т.н Grand Suites, како симбол на безвременскиот гламур. Новите кабини, кои чинат 7.800 УСД за едно ноќевање, наречени се според три градови – Виена, Прага и Будимпешта.

orient_express1

orient_express2

Секоја од нив е дизајнирана да ја одразува дестинацијата по која е наречена. Така на пример виенскиот апартман е со класичен стил со богати златни и смарагдно зелени нијанси, свилена ткаенина и елементи од темно дрво. Купето наречено по Прага има костенливи и златни бои, како и рачно извезени перници. Купето Будимпешта, потсетува на готичката и османлиската архитектура, со сложени резби. Виена, Прага и Будимпешта, кои се придружуваат на купеата Венеција, Истанбул и Париз, истo така имаат личен 24-часовен домар.

orient_express3

Simplon-Orient-Express  е воз со кој на преминот од 19-ти во 20-ти век, се возеле кралевите на Белгија, Велика Британија, Шведска, рускиот и бугарскиот цар, и сл. Токму во овој воз е потпишан мировниот договор за завршување на Првата светска војна, а снимени се и десетици филмови.
orient_express5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top