Насловна / Вести / Луксузниот лондонски „пентхаус“ на Александар Меквин се продава за 10,7 милиони долари

Луксузниот лондонски „пентхаус“ на Александар Меквин се продава за 10,7 милиони долари

Луксузниот лондонски „пентхаус“ на Александар Меквин е ставен на продажба за 10,7 милиони долари.mekvin-penthaus-1

Пентхаусот, како што пренесува WWD, се наоѓа на адреса 17 Dunraven Стрит, недалеку од Хајд Парк, а неговиот ентериер е дизајниран од Пол Дејвис Лондон како hommage на починатиот дизајнер. Ентериерот се протега на повеќе од 166 квадратни метри, а терасата е завршена по смртта на Меквин според неговите нацрти.

Просторот е исполнет со луксузен мебел и детали, а ѕидовите се украсени со портрети на Меквин и неговите пријатели како што се Изабел Блоу и Анабела Неилсон, фотографии од ревии и мотиви со черепи – заштитниот знак на самиот дизајнер, на ѕидните огледала.mekvin-penthaus-2

Меквин го купил овој пентхаус во 2009 година за 3,72 милиони долари, но тој живеел во стан во близина, на Green Street, каде што во 2010 година и се самоубил. Тој ги сакал и двата стана бидејќи биле на совршена оддалеченост од Хајд Парк, во кој тој редовно одел со своите кучиња, Juice и Callum.mekvin-penthaus-3

Сегашните сопственици го виделе станот како инвестиција, кога тие го купиле, што сега е сосема јасно поради фактот што станот во моментов се продава за 10,7 милиони евра. mekvin-penthaus-4 mekvin-penthaus-5 mekvin-penthaus-6 mekvin-penthaus-7

Испрати коментар

Scroll To Top