Насловна / Арт и дизајн / Луксузна верзија на познатите „старки“

Луксузна верзија на познатите „старки“

Познатата стоковна куќа „Барнис“ ги здружи своите сили со култниот street бренд „Конверс“ за реализација на лимитирана колекција на патики.luskuzni starki

Соработката на street брендовите и луксузни куќи не е невообичаена работа. Многу дизајнери ги позајмиле своите имиња на комерцијалните брендови, исто како што престижните стоковни куќи како „Колет“ во Париз или „Барнис“ од Њујорк осмислуваат специјални проекти во коишто се провлекуваат познати имиња во луксузни верзии.luskuzni starki (2)

Последната во низата е соработката со компанијата „Конверс“. Три високи модели на „Конверс Чак Тејлор“ сега доаѓаат во лакирана верзија.luskuzni starki (3)

Тие се направени од испукана лакирана кожа со гумен ѓон кој ја следи бојата на патиките. Во понуда се три бои – црна, бела и црвена. Цената изнесува 130 долари, и може да се купат во стоковната куќа „Барнис“ и преку нивната официјална интернет продавница.

Испрати коментар

Scroll To Top