
Португалската компанија Jetclass, што се занимава со производство на луксузен мебел, ја претставува својата нова колекција наречена Loretto.
Она што ја прави оваа колекција толку посебна е употребата на интересни материјали како карбон-фибер, дрво, кожа, алуминиум и неʼрѓосувачки челик, што веројатно се очекува за висококвалитетни и луксузни автомобили, но не и за мебел за дневна или спална соба. Сепак, без оглед на тоа колку овој потфат изгледал смело, ризикот очигледно се исплател.

Колекцијата Loretto е навистина импресивна, и била претставена на саемот IMM Келн во Германија, каде што привлече голем број погледи и внимание на љубопитните посетители.

Цените на парчиња од оваа колекција се во опсег од 1.500 до 18.000 евра и може да се нарача директно од веб-сајтот на оваа компанија.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија