Насловна / Вести / Louis Vuitton отвори ресторан во Сен Тропе

Louis Vuitton отвори ресторан во Сен Тропе

Louis Vuitton летово отвори ресторан во гламурозниот град на Француската ривиера познат по својата џет – сет клиентела, врвни клубови на плажа и бурниот ноќен живот.

03_resize

Модната куќа отвори кафуле на врвот на својата продавница во Осака, Јапонија во јануари 2020 година, ова е нејзиниот прв самостоен ресторан во светот.

2_resize

Поставката е  очекувано гламурозна. Louis Vuitton ја презема терасата на White Hotel 1921, кој е сместен на Place de Lices, срцето на Сен Тропе, каде се наоѓаат бистроа со црвени столици, луксузни продавници и каде во одредени денови се одржува пазар на кој се продава се, од  багети, преку антиквитети, до пешкири за плажа.

1_resize

На чело на ресторанот е готвачот со Michelin ѕвезда Mory Sacko, шеф на MoSuke во Париз. Неговото мени се состои од спој на африкански, јапонски и француски современи кулинарски влијанија – што ја одразува улогата на Сен Тропе, како дестинација за добростоечки патници од целиот свет. Меќу деликатесите за оние со гурмански вкус е и екибен – јапонски послужавник за оброци што најчесто се служи во возови. Услугата за вечера нуди сè, од такос со модар патлиџан до ребро и полесни тапас предјадења, а морските специјалитети ги има секогаш.

3_resize

4_resize

Како дестинација за добра храна, ресторанот изгледа гламурозно, декорот е прошаран: терасата е испреплетена со парчиња од колекцијата Objets Nomades на Louis Vuitton (како што се висечките кожени лампиони на Zanellato/Bortotto), како и нивните иконски fleur de lis (стилизиран приказ на ирис или лилјан), кои се педантно уредени во жива ограда.

Ресторанот Louis Vuitton ја отвори вратата за јавноста на 17 јуни.

01_resize

04_resize

06_resize

05_resize

07_resize

08_resize

02_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top