Насловна / Арт и дизајн / Лондонската Национална галерија на штрајк во февруари

Лондонската Национална галерија на штрајк во февруари

londonska nacionalna galerija

Околу 250 вработени во познатата лондонската Национална галерија одат на петдневен штрајк на почетокот на февруари.

Ако на почетокот на февруари планирате да го посетите британскиот главен град и да го погледнете еден од најзначајните музеи во светот, кои ги чува некои од највредните уметнички дела, имајте на ум дека од 3 до 7 февруари персоналот на музејот ќе биде во штрајк, така што може да наидете на затворени врати.londonska nacionalna galerija (2)

Имено, причината за незадоволството на околу 250 вработени во музејот е идејата на управата да ангажира надворешни соработници кои ќе се грижат за сите услуги на музејот, што, според штрајкувачите, ваквата „приватизација на услугите“ ќе наштети на репутацијата на еден од најголемите британски чувари на светското уметничко наследство. Во одбрана на планот застана директорот на Националната галерија, Николас Пени, изјавувајќи дека промените се нужни со цел музејот успешно да се носи со намалувањето на финансиите од државниот буџет.

Испрати коментар

Scroll To Top