Насловна / Вести / Qantas планира тест летови од 19 часа, со цел да испита како тоа ќе влијае врз патниците

Qantas планира тест летови од 19 часа, со цел да испита како тоа ќе влијае врз патниците

Австралиската компанија Qantas Airways планира маратонски летови од Њујорк и Лондон за Сиднеј, со цел да провери како врз патниците ќе влијаат овие долги летови. Во текот на овие летови, во авионите ќе бидат само членовите на екипажот и вработени од компанијата, а Qantas соопшти дека тоа ќе биде симулација на најдолгите директни летови на светот. Тестовите ќе почнат во октомври, а ќе се користат авионите Dreamliner на Boeing. Вкупниот број патници на еден лет е предвидено да биде 40, и ќе бидат избрани меѓу вработените на компанијата, после претходно поминати лекарски прегледи и проценки. Qantas сака да започне со комерцијални директни летови од 2022 година, и да го поврзе Сиднеј со Њујорк и Лондон. Летовите ќе траат 20 часа, а сеуште не е познато како патниците ќе го поднесат долгото патување. „Она што ќе го научиме во текот на тест летовите ќе биде непроценливо“, вели претставникот на Qantas, Alan Joyce.

Qantas1

Qantas2

Qantas3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top