Насловна / Архитектура / ЛОИ 2016 во Рио: Центар за водни спортови „Марија Ленк“

ЛОИ 2016 во Рио: Центар за водни спортови „Марија Ленк“

Parque OlimpicoЦентарот за водни спортови „Марија Ленк“ (Parque Aquático Maria Lenk) е спортски комплекс посветен на спортовите на вода. Тој се наоѓа во бразилскиот град Рио де Жанеиро, во областа Бара да Тижука. Центарот е именуван во знак на сеќавање на трофејната бразилската пливачка Марија Ленк (1915-2007), која починала на само три месеци пред отворањето на комплексот во 2007 година.marija lenk centar (8)

За време на одржувањето на Летните олимписки игри, во центарот „Марија Ленк“ се одржуваат натпреварите скокање во вода, синхронизирано пливање и групната фаза на натпревари во ватерполо.marija lenk centar (6)

Во рамките на центарот постои олимписки базен за пливачки натпревари, ватерполо натпревари, базен за скокови во вода и помали затворени базени за тренинзи. Сите објекти во комплексот се изградени во согласност со стандардите на Светската федерација на водни спортови (ФИНА).marija lenk centar (7)

Вкупната површина на објектот е околу 42.000 квадратни метри, а на трибините има места за околу 8.000 посетители. Центарот е приспособен за лица со инвалидитет. Објектот е наменски изграден за натпревари во ватерполо, скокови во вода и пливање за Панамериканските игри во 2007 година, во организација на градот Рио. Од 2008 година, објектот е под управа на Олимпискиот комитет на Бразил.Maria Lenk Aquatic Park Centro Aquático Maria Lenk marija lenk centar (2) marija lenk centar (1)

Испрати коментар

Scroll To Top