Насловна / Вести / Перу: Мршојадци во „лов“ на диви депонии

Перу: Мршојадци во „лов“ на диви депонии

Mrsojadci vo potraga po denponii Peru

Во Лима, Перу, екологистите ги здружија силите во борба против загадувањето со навистина необични сојузници: птиците – мршојадци. Според The Guardian, овластените за оваа проблематика опремиле 10 птици од овој вид со GPS и GoPro камери. На овој начин, птиците ги регистрираат дивите депонии во градот, а подоцна нивните координати се евидентираат на соодветни мапи кои се делат со јавноста.

Mrsojadci vo potraga po deponii Peru

Овој проект е создаден со заедничка соработка на USAid и перуанското Министерство за животна средина, но со својата PR кампања го привлече вниманието и на меѓународната јавност. Како дел од маркетингот, на птиците им се дадени имиња на популарните супер херои, и тие „раскажуваат“ за своите мисии преку видео прилози.

Mrsojadci vo potraga po deponii Peru

Но, сепак, и покрај овој забавен дел, проектот е повеќе од сериозен, бидејќи Лима има само четири депонии на популација од 10 милиони жители. Околу 20% од градскиот смет завршува на диви депонии, со што се контаминираат почвата и подземните води.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top