Насловна / Арт и дизајн / Лежалка која ги следи облините на човечкото тело

Лежалка која ги следи облините на човечкото тело

Каталонскиот дизајнер Еугени Квитлет дизајнираше идеална кривулеста лежалка која ги следи облините на човечкото тело.

И не само што е дизајнирана совршено да се вклопува со човечкото тело, туку е и вистинско мало ремек-дело изработено од рециклирана полипропиленска пластика и засилена со фиберглас за поголема издржливост.

lezalka

Можеби затоа оваа колекција е наречена Ибица – таа едноставно ветува добра забава, особено ако забавата ја поврзувате со удобност и релаксација. Оваа лежалка едноставно ве следи од глава до пети и посветува целосно внимание на секој дел од вашето тело.

Рециклираната пластика од островот можеби не звучи како рај на земјата, но како што вели самиот дизајнер, секоја идеја доаѓа од светлината и морето, а поентата е да се фатат и да се задржат тие идеи во трајна рамка. Особено ако рамката е добра и квалитетна.

lezalka1

Ибица е само еден дел од оваа еко-колекција која е идеална за градини и тераси. Дополнително вклучува и друг монохроматски мебел на отворено, како што се црно-бели столици и странични маси.

Сето тоа од пластичен отпад од Средоземното Море, што придонесе таквата линија веќе да го добие епитетот на емоционална состојба на умот.lezalka2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top