Насловна / Вести / Летово граѓаните од Карпош ќе одмораат на нов плоштад

Летово граѓаните од Карпош ќе одмораат на нов плоштад

nova fontana vo vlae Од општина Карпош информираат дека фонтаната на плоштадот во Влае е речиси готова, а во моментов се работи на хортикултурното и на партерното уредување. Како што објави „Нова Македонија“, aрхитектонското решение предвидува две партерни кружници, сплотени една во друга и поплочени со гранитни плочки, како и изведба на кружна фонтана за поубав урбан амбиент.

„Граѓаните на општина Карпош во летните месеци ќе можат да уживаат и да се ладат покрај фонтаната, која е речиси готова. Идејното решение е на архитектите Игор Василевски и Вангел Караиванов, кои работеа на целиот проект за плоштадот во Влае. Откако ќе се заврши хортикултурното и партерното уредувањето на плоштадот, следува поставување на урбана опрема, а осветлувањето е завршено и урбаните канделабри веќе го осветлуваат. Плоштадот во Влае е комплетно нов плоштад, кој досега не постоеше и е наменет за дружење на граѓаните во населбите Влае 1 и Влае 2. Дополнително ќе бидат изградени црква, детско игралиште и останати содржини“, велат од општината. Плоштадот е на површина од 6.500 квадратни метри, со зеленило и цвеќиња, патеки за пешаци, клупи за одмор, канти за отпадоци и со фонтана. Зелените површини се хортикултурно уредени со ниско и високо зеленило и со 10.000 цветни садници. Одржувањето на зеленилото ќе биде со системот „капка по капка“ и со автоматско полевање. Просторот е осветлен со 50 нови канделабри со современ дизајн и содржини од урбана опрема.

Испрати коментар

Scroll To Top