Насловна / Арт и дизајн / Леонардо добро знаел како светлината поминува низ стакло

Леонардо добро знаел како светлината поминува низ стакло

Најскапо продадената слика, Спасител на светот (Salvator Mundi) на Леонардо да Винчи сеуште предизвикува многу контраверзи. Повеќе научници сеуште не можат да се согласат дека е дело на ренесансниот гениј, туку дека тој изработил само некои делови, а дека сликата е дело на некој негов ученик. Но, можеби успеале да разрешат една мистерија. Откриле зошто на стаклената топка на сликата нема прекршување и рефлексија на светлината.

леонардо2
Одговорот, споед компјутерските модели, кои ги направил тим истражувачи од калифорнискиот Универзитет „Ирвајн“, гласи дека Исус на сликата Спасител на светот (Salvator Mundi) држи шуплива стаклена топка, а не исполнета, така што Леонардо (или можеби ученикот) точно ја насликал.
Оваа претпоставка историчарите на уметност и порано ја разгледувале, покрај онаа дека станува збор за кристална топка, но сега напреден 3Д приказ тоа успеал и да го потврди.
„Нашите експерименти покажуваат дека Леонардо да Винчи многу точно го претставил предметот кој Исус го држи во рака, врз основа на теоријата на светлината и научните сознанија кои му биле на располагање 1500. година“, се наводува во овој труд.

леонардо
Наборите на наметката на Христос која се гледа позади стаклената топка на сликата Спасител на светот, не се искривени ниту зголемени, а на површината се насликани три бели точки. Некои историчари на уметност сметале дека топката намерно е насликана на надреален начин.
Меѓутоа, користејќи техника на компјутерска графика, позната како обратно прикажување – со која тродимензионалните детали на сцената се екстраполираат од дводимензионалната слика – научниците успеале да ја реконструираат ситуацијата во која Да Винчи сликал пред пола милениум.
Истражувачите пресметале дека стаклената топка имала дијаметар од 6.8 сантиметри и дека се наоѓала 25 сантиметри пред моделот. Компјутерската анализа сугерира и дека стаклото на топката не може да било подебепо од 1.3 милиметри.

леонардо1
Според компјутерските модели, сенките на сликата упатуваат на силен извор на светлина, како и општа дифузна светлина. Истражувањето допрва треба да биде одобрено, но компјутерската анализа потполно одговара на она што е прикажано на платното.
Врз основа на наборите на фустанот на Христос кои се гледаат низ топката, се чини дека Леонардо добро знаел како светлината поминува низ стакло, бидејќе веќе ја проучувал оптиката. Поголем дел од наборите не се искривени, но изгледаат различно од оние кои не се позади стаклената топка.

Испрати коментар

Scroll To Top