Насловна / Архитектура / Исклучителни градби кои се очекуваат оваа година

Исклучителни градби кои се очекуваат оваа година

Во текот на оваа година се очекува изградба на зачудувачки згради, вклучувајќи ја и „вселенската“ зграда во пустина на Заха Хадид и Олимпискиот стадион на Кенго Кума во Токио. Ова е листата на објекти кои се очекува во текот на оваа година да бидат завршени.

1. Национален стадион, Јапонија, Кенго Кума

За одбележување на Летните олимписки игри во 2020 година, во Токио ќе биде отворен Национален стадион, чија изградба не помина без полемики. Имено, оригиналниот проект на Заха Хадид, кој беше укинат како резултат на зголемените трошоци, го замени овалниот стадион на фирмата, предводен од јапонскиот архитект Кенго Кума.

1

Стадионот ќе содржи три штандови со 80 илјади места над кои ќе биде подигната дрвена крошна со отвор над терени. Околу целиот објект на повеќе спратови ќе има жардинери со растенија и дрвја што ќе овозможи да се поврзе со паркот во близина.

2. Музеј на уметност, Кина, Фостер + партнери

Седум години откако првично беше планирано, спектакуларниот уметнички музеј во кинескиот град Датунг ќе биде отворен годинава. Уметничкиот музеј „Датунг“ ќе биде една од четирите нови згради што ќе го украсуваат градското културно подрачје и ќе бидат делумно под земја.

2

Зградата се карактеризира со четири геометриски волумени што се преклопуваат едни со други. За нивната изградба одбран е кортен, челик кој има стабилен изглед на ‘рѓа.

3. Седиште на Bee’ah, Обединетите Арапски Емирати, Заха Хадид Архитекти

3

Невообичаената синусоидна структура во која ќе биде сместена компанијата Bee’ah е дизајнирана да го одразува обликот на пустинските дини за да издржи екстремно време во Обединетите Арапски Емирати, како и да се спои беспрекорно во пустинската средина.

4. Musée Atelier Audemars Piguet, Switzerland, BIG

Архитектонската компанија БИГ работеше напорно во изминатите години, така што во текот на оваа година се очекува да завршат неколку големи проекти на оваа компанија, а меѓу најинтересните е музејот и седиштето на реномираниот часовник „Audemars Piguet“.

4

Зградата е делумно потопена во земја и спирално се издига од земја за да открие погледи на галерии и внатрешни сали преку серија полукружни прозорци.

5. Nanjing Zendai Himalayas Centre, Кина, МАД

Мултифункционалниот комплекс Nanjing Zendai Himalayas Centre зафаќа 560 илјади квадратни метри и ќе вклучува канцеларии, хотели, продавници и станови.

5

Препознатлив по високите, неправилно обликувани згради кои асоцираат на врвовите на Хималаите покриени со снег, комплексот содржи и бројни ниски згради кои се како села опкружени со планински масиви.

6. Abu Dhabi Midfield Terminal, Обединетите Арапски Емирати, КПФ

6

Еден од најголемите терминали во светот ќе се отвори годинава во Абу Даби. Терминалот зафаќа површина од 742 илјади метри квадратни и ќе има капацитет да прими 45 милиони патници годишно. Вложени вртоглави 2,6 милијарди евра се инвестирани во овој проект.

7. EDEN, Сингапур, Хедервик

7

Првиот станбен проект во Азија во студиото Хедервик ќе биде изграден оваа година во Orchard Road, Сингапур. Во кулата од 20 ката ќе бидат претставени 20 луксузни апартмани со заоблени балкони исполнети со висечки градини.

Испрати коментар

Scroll To Top