Насловна / Вести / Легализирани приближно 4.000 дивоградби во Кисела Вода

Легализирани приближно 4.000 дивоградби во Кисела Вода

kisela voda legalizacija

Продолжува континуитетот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода. Со денешното доделување на новите решенија од страна на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, бројот на легализирани објекти се искачи на 3962.

-Денес, уште 50тина семејства од општина Кисела Вода се стекнуваат со документ со кој стануваат реални сопственици на својот дивоизграден објект. За општина Кисела Вода, пак, ова значи чекор напред во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, од што повторно бенефит имаат жителите на општината и бизнис заедницата, бидејќи со нив им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките, истакна Беличанец-Алексиќ.

Уште еднаш, ги повика сите 3210 лица кои се уште немаат доставено геодетски елаборат до административните служби, да ја докомплетираат документацијата и на тој начин да овозможат процесот на легализација да продолжи да тече.

Испрати коментар

Scroll To Top