Насловна / Вести / Легализирани нови 50 дивоградби во Кисела Вода

Легализирани нови 50 дивоградби во Кисела Вода

kisela voda

Општина Кисела Вода продолжува со процесот на легализација на дивоизградените објекти. Денеска нови 50 семејства се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект. Од досега поднесените 11879 барања за легализација, бројот на легализирани бесправно изградени објекти заклучно со денешниот ден се искачи на 4012.

Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3147. Исто така, изготвени се уште 97 урбанистички согласности, од кои, за 74 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

Испрати коментар

Scroll To Top