Насловна / Архитектура / Изградба на луксузен терминал за домашни миленици на аеродромот „ЏФК“ во Њујорк

Изградба на луксузен терминал за домашни миленици на аеродромот „ЏФК“ во Њујорк

domasni milenicinja vo njujork

Новиот терминал на аеродромот „ЏФК“ во Њујорк ќе добие име „Арка“, според библискиот брод со кој Ное ги спасувал животните од изумирање.

domasni milenicinja vo njujork (8)

Проектот вреден 48 милиони долари се состои од хотел за домашни миленичиња и спа центар преку кој на годишно ниво ќе „уживаат“ над 70.000 животни.

domasni milenicinja vo njujork (5)

Луксузното сместување нуди базени во форма на коски, терапии со масажа, спа услуги, па дури и маникир и педикир за „средување“ на домашното милениче.

domasni milenicinja vo njujork (6)

Изградбата на „Арка“ на 17.000 квадратни метри е веќе започната и тоа на местото на стариот, и многу помал терминал VetPort. Проектот го потпишува реномираното архитектонско биро Gensler.

Ноќевањето во овој луксузен „пет“ хотел ќе чини 50 долари, но со доплата од 50 долари домашното милениче ќе биде во можност да ужива во луксузен апартман со голем кревет, ТВ, веб камера…domasni milenicinja vo njujork (4)

Терминалот ќе има дел за кучиња наречен Paradise 4 Paws со базен во форма на коска, додека мачките уживаат во паркот Cat Adventure Jungle составена од дрва за качување.

domasni milenicinja vo njujork (2)

Терминалот не е резервиран само за џет-сет кучиња и мачки, односно тој ќе биде во можност да биде домаќин и на птици и гуштери, па дури и на егзотични животни како што се зебрите. „Арка“ е опремена и со штала за 70 коњи и 180 крави како и специјални базени за парење на пингвини. За нивното здравје, ќе биде задолжени ветеринари од Универзитетот Корнел.domasni milenicinja vo njujork (3)

Изградба на „Арка“ започна во мај оваа година и се очекува отворањето да биде следната година.domasni milenicinja vo njujork (7)

Испрати коментар

Scroll To Top