Насловна / Вести / „Лабораторија Касперски“ ги откри најчесто користените лозинки

„Лабораторија Касперски“ ги откри најчесто користените лозинки

Новата анализа на „Лабораторија Касперски“ покажува дека повеќето лозинки се предвидливи, краткотрајни и често рециклирани, што ги прави идеални цели за напади што траат само неколку секунди.

Секоја двестота лозинка од протечените податоци за 2023-2025 година се завршила на „2024“, соопшти „Лабораторија Касперски“ по анализата на глобалните протекувања на податоци. Англискиот збор „love“ исто така бил честа состојка во лозинките.

Најраспространета комбинација на цифри е 12345. Десет отсто од сите протечени лозинки содржеле броеви што личеле на датуми – од 1990 до 2025 година. Покрај „love“ често се појавувале и имиња на држави и лични имиња.

Според податоците на компанијата, просечниот животен век на лозинка е од 3,5 до 4 години. Исто така, повеќе од половина (54 отсто) од лозинките пронајдени во протечените бази на податоци во текот на 2025 година веќе биле откриени во претходни бази на податоци што се појавиле на интернет.

Претходно, во интервју за ТАСС, главниот експерт на „Лабораторија Касперски“, Сергеј Голованов, рекол дека хакерите можат да пронајдат која било лозинка од пет до седум карактери за неколку секунди. За лозинка од 15 карактери потребни се „илјадници години за пробивање“.

Една од најпопуларните лозинки во последните 20 години, според него, е „лозинка“ и нејзините варијации – на пример, p@rol, password, par0l и paro1.

Едвард Сноуден открива како да креираме совршена лозинка

Совет за тоа како да се креира силна лозинка своевремено сподели Едвард Сноуден, еден од најпознатите свиркачи во светот.

„Не гледајте на нив како на зборови (words, што е дел од зборот password, што на англиски значи лозинка), туку како на фрази. Размислете која фраза ви одговара, за да биде доволно долга за да го заштити вашиот налог, а во исто време да не е премногу честа, за да се најде во постојните бази на лозинки“, додаде тој. Исто така е важно фразата што ќе ја користите да биде лесна за помнење, бидејќи поентата е да не ја заборавите.

„Кога ќе слушнеме совети дека лозинката треба да има најмалку 13 карактери, специјални симболи, броеви и големи и мали букви, првата мисла што ни паѓа на ум е како ќе ја запомниме. Но, кога ќе смислиме реченица, сè веднаш станува многу полесно“, објаснил Сноуден. „На пример, лозинката може да биде МаргаретТачерЕ110%Секси“, се пошегувал тој.

Добрата лозинка може да биде и дел од некоја народна поговорка – нема ограничувања, важно е само да искомбинирате нешто што е малку веројатно дека ќе го повтори друг корисник. Само водете сметка вашите налози на мрежите да не откриваат дел од лозинката: ако имате некоја поговорка или строфа во описот на профилот, со тоа можете само да им помогнете на хакерите.

Испрати коментар

Scroll To Top