Насловна / Арт и дизајн / Култните „Ленонки“ ќе бидат на аукција

Култните „Ленонки“ ќе бидат на аукција

djon lenon lenonki

Поранешниот член на Битлси, легендарниот Џон Ленон се најде повторно во центарот на вниманието благодарение на една интересна аукција на која, меѓу другото, ќе бидат понудени култните очила со тркалезни рамки.

Ако сакате во вашата колекција да се најдат овие „Ленонки“, кои станале заштитен знак на големиот Џон Ленон, ќе треба да издвоите 38 илјади долари.

Очилата ќе бидат понудени на аукцијата Omega Auctions кон крајот на овој месец. Славните „Ленонки“ станеле дел од модно-музичката историја во 60-тите години на минатиот век, кога Џон Ленон се појави со нив, а биле популарни дури и во 70-тите години. Меѓу другите интересни „сувенири“ на легендарниот музичар, на аукцијата ќе бидат понудени и документите за развод од првата сопруга на Џон Ленон – Синтија.

Испрати коментар

Scroll To Top