Насловна / Архитектура / Кулата во Шангај нaскоро ќе биде пуштена во употреба

Кулата во Шангај нaскоро ќе биде пуштена во употреба

shanghai

Кулата во Шангај, втората највисока зграда во светот, наскоро ќе ги отвори своите врати, соопшти Франс прес.

Облакодерот со спирална форма се смета за симбол на амбициите на кинескиот мегаполис. Тој достигнува височина од 632 метри и е највисокиот во Кина, и втор по височина во светот, по Бурџ Калифа во Дубаи.

Новата кула ќе се издига во регионот Пудунг, финансиски и трговски центар на Шангај. Таа ќе биде третата кула од проектот започнат во 1993 година, по 420-метарската Цинмао, изградена во 1998 година, и 492-метарскиот шангајски глобален финансиски центар, чија изградба заврши во 2008 година.

Кога станува збор за рекорди, кулата Бурџ Калифа, висока 828 метри, е без конкуренција, но оваа во Шангај, чија изградба чини 2,4 милијарди долари, веќе собира многу суперлативи. Станува збор за највисоката зграда со двојна фасада во светот. Таа ќе биде опремена со лифтови кои ќе се движат со брзина од 60 км /h и ќе стигнуваат до вториот највисок хотел во светот, кој се наоѓа меѓу 84-тиот и 110-тиот кат.

Двојната фасада на кулата во Шангај не е само плод на проектантско решение, туку ќе обезбедува изолација против ветровите во лето и зима. „Оваа зграда е како огромен термос“, истакна архитектот.

Кулата со 121 кат ќе биде дом на канцеларии со вкупна површина од 573.000 квадратни метри, а само на четири ката ќе има бутици.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top