Насловна / Архитектура / „Кулата на кралството“ ќе ја надмине Бурџ Калифа во Дубаи

„Кулата на кралството“ ќе ја надмине Бурџ Калифа во Дубаи

Компанијата за градежни работи и управување со недвижнини „Emaar“ од Дубаи, планира во овој емират да изгради нова кула којашто со височината ќе ја надмине Бурџ Калифа, во моментов највисоката зграда на светот, изјави претседателот на компанијата Мохамед Алабар.

Алабар изјави дека новата зграда, чиешто градење ќе чини околу милијарда американски долари, ќе биде малку повисока од кулата Бурџ Калифа, односно од 828 метри.dubai_2

Тој додаде дека прецизна информација за височината на новиот облакодер ќе даде при крајот на работите, и истакна дека кулата ќе претставува своевиден подарок од компанијата на Дубаи пред 2020 година, кога ќе се одржи Светската изложба Експо.

Новата зграда, која ја осмислил шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калатрава, ќе има видиковец, а во неа ќе се наоѓаат станови, ресторани и хотели, рече Алабар. Изгледот на кулата го опиша како „елегантен“, велејќи дека со својата структура ќе потсетува на минаре.dubai_3

Во трката за изградба на најголемата зграда на светот и е компанијата „Kingdom Holding“ на саудискиот принц и милијардер Ал Валид бен Талал, кој работи на изградба на облакодер во Џеда, кој исто така, треба да биде завршен до 2020 година.

Почетокот на работите на зданието наречено „Кулата на кралството“ беа најавени уште во април 2014 година. Овој облакодер во Џеда би требало да биде висок илјада метри, а градењето би требало да чини најмалку 1,23 до две милијарди американски долари. Според најавите, во неговото градење ќе бидат потрошени милион кубни метри бетон и околу 80 илјади тони челик.dubai_4

Кога ќе биде завршена, зградата ќе има вкупна површина од повеќе од 500 илјади квадратни метри и 200 ката. Ќе има и 59 лифтови, од кои пет ќе бидат двојни. Оние лифтови коишто ќе бидат наменети за посетителите што ќе сакаат да „фрлат” поглед од видиковецот, ќе се движат со брзина од 10 метри во секунда.

„Кулата на кралството“ ќе биде всушност централниот дел од Кралскиот град кој би требало да чини околу 15 милијарди евра, непосредно северно од Џеда во насока кон Црвеното Море.

Новата населба/град ќе опфаќа површина од неколку милиони квадратни метри урбан простор, вклучително станбени и комерцијални недвижности, хотели, канцеларии, продавници, образовни и трговски центар, во што ќе учествува и компанијата „Jeddah Economic Company”.

Испрати коментар

Scroll To Top