Насловна / Архитектура / Куќи од рециклиран материјал наредени во низа

Куќи од рециклиран материјал наредени во низа

За изградба на низа од 20 нови градски куќи во дистриктот Ørestad во Копенхаген, употребени се рециклиран бетон, користени двојно застаклени панели и отфрлени подни плочи. Проектот за изградба на станбени единици под името Upcycle Studios, е дело на архитектонското студио Lendager Group. Куќите се проектирани да бидат пространи и да помогнат во промовирање на одржливооста. Дрвената граѓа која е користена во изградбата на објектот е набавена од данската компанија Dinsen за која овој производ претставува отпад. Прозорците се земени од стари згради кои биле предмет на реновирање. Вкупно 850-те тони бетон се донесени на градилиште како отпад од изградбата на метрото во Копенхаген.  Од Lendager Group  велат дека за ублажување на климатските промени потребно е да се развијат не само одржливи туку и регенеративни решенија. Согласно на тоа, ова студио ја промовира кружната економија преку своите архитектонски проекти. Студиото гледа ресурс во отпадот и вели дека на овој начин може да се градат квалитетни градби без компромис и во поглед на естетиката и во поглед на цената. Гледајќи од улицата, секоја од овие долги а тесни куќи ги карактеризира голема стаклена фасада со дрвена рамка. Дијагоналната ориентација на секоја куќа станува поочигледна кога се набљудува од задната страна, каде формата е нагласена со дебели бетонски ѕидови кои ја раздвојуваат секоја засебна единица. Она што е особено значајно за овие куќи е редукцијата во емисијата на CO2 за 60% споредено со конвенционалните градби.

upcycle1

upcycle2

upcycle3

upcycle4

upcycle5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top