Насловна / Арт и дизајн / Куќата во „Паразит“ измислена за потребите на филмот (видео)

Куќата во „Паразит“ измислена за потребите на филмот (видео)

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ е прогласен за најдобар на овогодинешното доделување на Оскарите, со што е првиот филм од неанглиско говорно подрачје добитник на оваа престижна филмска награда. „Паразит“ на јужнокорејскиот режисер Bong Joon-ho е остра социјална сатира со одлична сценографија и едно од големите изненадувања во филмот е одличната архитектура на современата куќа на семејството Парк, која е центар на дејствијата во погелем дел од филмот. Но по премиерата на фестивалот во Кан, филмската екипа открила дека куќата е направена од нула за потребите на филмот.

8_resize

Продукцискиот дизајнер Lee Ha-jun, открива како тој и режисерот го извеле овој амбициозен подвиг на модерната архитектура.

1_resize

Естетски, целта била да се создаде куќа со која би се пофалил еден елитистички сопственик. Не само што нивниот дом е дизајниран од измислен архитект Namgoong, кој во филмот е предходниот сопственик на куќата, туку Lee се обидел да размислува помалку како продукцискиот дизајнер, а повеќе како архитект. Тој вели дека постепено го развивал продукцискиот дизајн, преку постојано дизајнирање и правење 3Д симулации.

7_resize

Преку моделирањето „пред да го направиме сетот, го земавме в предвид движењето на кастингот и позициите на камерите“. И додава: „Моравме да ги земеме во предвид кинематографските фактори, но исто така моравме да направиме куќа, толку стварна, за да може публиката да ја прифати идејата дека ликовите навистина живеат во неа“. Резултатот е едноставна куќа, елегантна и модерна, со многу дрво, стакло, бетонски детали и чисти линии и силуета. Lee му дал на просторот големиот стаклен ѕид кој гледа кон дворот, го опремил со минимален мебел, повеќеслојна кафе маса и елегантен кауч. Телевизор нема на видик. „Сакав широката дневна соба и големата градина да изгледаат како една импресивна слика“, вели Lee.

3_resize

6_resize

Првиот кат и градината се изградени на празна парцела, вториот кат и подрумот се изградени на звучната сцена. „Ова е филм со многу тајни и многу прикривања, па затоа беа направени неколку дизајни за избор со едноставна логистика на ум – ако еден лик се симнува по скалите, дали ликот што седи во трпезаријата може да ги види? Сепак, естетски, целта беше да се создаде таков вид куќа, со која би се фалел, елитистички сопственик“.

2_resize

5_resize

Општиот концепт који продира во филмот е вертикалност; се спушта бескрајно од врв до дно. Куќата Парк има иста структура. Као што се гледа во филмот од сутеренот во кој се симнува од приземјето, сите слоеви во филмот се вертикални. Бројните скали и густината на просторот се поместуваат додека се спуштате.

9_resize

Lee вели дека имал пријатели архитекти со кои се состанал и разговарал за да добие инспирација. Се трудел да не пропушти детали и веднаш одлучиле публиката да не знае дека станува збор за сет, а не за вистинска куќа, за да може да се фокусира на филмот.

4_resize

„Бидејќи во приказната куќата на семејството Парк ја изградил архитект, не е лесно да се пронајде вистински пристап за проектитање на куќата“, објаснува Lee. „Не сум архитект и мислам дека постои разлика во тоа како архитекта го замислува просторот и како го замислува продукцискиот дизајнер. Ние предност даваме на блокадата и аглите на камерата, додека архитектите градат простори каде луѓето навистина можат да живеат и на тој начин ги формираат и луѓето. Поради тоа мислам дека пристапот е многу различен“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top