Насловна / Арт и дизајн / Цедалка за садови во која може да се засадат растенија (видео)

Цедалка за садови во која може да се засадат растенија (видео)

Секојдневен предмет, потребен на секое домаќинство секогаш може да биде уште покорисен. Вработените во дизајнерското студио SedignLibero од Милано дизајнирале нешто поразлично. Станува збор за цедалка за садови што има две функции: едната е примарна, служи за сушење садови, но има и зелена функција. „ Fluidity” е дизајниран така што, водата која се цеди од садовите, ја користи за да „храни“ две растенија.

5_resize

2_resize

Во одделни делови, имено, има „земја” и може да се засадат, на пример, зачиниски растенија. Пластиката е во оформена така што вишокот вода, што паѓа на дното, оди до деловите на резервоарот каде што се наоѓаат растенијата.

6_resize

Овие резервоари се наполнети со глинени пелети и влакна од кокос, кои му овозможуваат на растението да „пие“ доволно вода. Но исто така, овој состав овозможува да и веднаш да се отстрани целата вода под садовите, но во исто време растението да не добива премногу вода.

Ова парче, заклучиле дизајнерите, е идеално за мали кујни, чии сопственици сакаат да имаат растенија во просторот, но немаат доволно место за нив. Тие сметаат дека на овој начин може да се одгледува вистинска мала кујнска градина, а предност е фактот што може лесно, на секои неколку месеци или почесто, да се засади нешто друго. Важно е да се внимава да се засадат растенијата на кои им е потребна многу вода.

4_resize

3_resize

1_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top