Насловна / Архитектура / Куќа во Дорсет, технолошки најнапреден дом во Англија?!

Куќа во Дорсет, технолошки најнапреден дом во Англија?!

Куќата која се наоѓа на полуостровот Сендбенкс во Дорсет, понудена е на продажба, по цена од 8,7 милиони британски фунти. Куќата е изградена во 2008 година и во објавата за продажба опишана е како „технлошки најнапредна куќа во Англија“. Поседува три ката и опремена е со модерна технологија, стилски дизајнирана и нуди прекрасен панорамски поглед на околните плажи и острови.
Наречена  The Moorings,  куќата е потполно автоматизирана, има геотермално и соларно греење, спа, затворен загреван базен, кино, теретана и голема просторија со билки и растенија. Околу куќата има прекрасна градина чие наводнување е исто така автоматизирано.
Не е сосема јасно што содржи „високата технологија“ која ја рекламира сопственикот, но сепак тоа не го спречува да бара од новиот сопственик речиси 9 милиони фунти.
Dorset 3

Dorset 4
Dorset 5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top