Насловна / Архитектура / Куќа со зелен кров која се спојува со околниот пејзаж

Куќа со зелен кров која се спојува со околниот пејзаж

Сместена во словенечката низинска област Добрава, оваа необична куќа опкружена со шума целосно ќе се спои со околниот пејзаж.

Турските архитекти Мерве Нур Басер, Асли Ердем и Фатма Зејнеб Онсипер, проектираа куќа чиј концепт се развива од традиционални станбени згради со наведнати кровови во околината на Добрава, каде што исто така творел словенечкиот архитект Отон Југовец.

Slovenija

Имено, неговиот препознатлив пловечки кров од почетокот на седумдесеттите години на минатиот век, послужил како појдовна точка во развојот на идејата. Реинтерпретирајќи ја оваа препознатлива форма на кровот на нов начин, експериментирајќи со техниката на набиена земја и можностите што ги нуди, создадена е оваа необична куќа со зелен кров.

Slovenija1

Како примарна карактеристика на кровот се издвојува тоа дека е целосно покриен со зеленило. Сепак, кровот има и една многу важна функција. Имено, како крошна, ги штити sидовите од дожд и снег, велат архитектите за Designboom.

Во обид да ги комбинираат традиционалните и модерните техники, архитектите тестираа експериментални форми и материјали, водени од холистички пристап кон конструкцијата.

Slovenija2

Предвидено е плочата на куќата, како и темелите, да бидат од бетон. Дабот ќе се користи за изградба на околниот трем и мебел, додека sидовите ќе бидат изградени со помош на дрвени рамки, кои ќе бидат исполнети со набиена земја.

Кровот, кој е оставен на јужната страна каде што се предвидени големи прозорци, се користи и како елемент за засенчување на внатрешноста, така што во зима ги пропушта, а во лето ги блокира сончевите зраци. Постојат мали фасадни отвори на северната страна од куќата, со цел да се намалат загубите на топлина.

Slovenija3

Дневната соба е свртена кон запад и благодарение на големите прозорци има врамен поглед на околната шума. Зајдисонцето може да се ужива и од дневната соба и од просторот за спиење, а кровните прозорци овозможуваат од креветот  да се има поглед на ѕвезденото небо во текот на ноќта. Дневната соба е дизајнирана што е можно поедноставно за да им даде флексибилност на корисниците.

Slovenija4

Испрати коментар

Scroll To Top