Насловна / Вести / До 2050 година секое четврто лице ќе биде погодено од постојан недостаток на вода

До 2050 година секое четврто лице ќе биде погодено од постојан недостаток на вода

Според податоците од Обединетите нации, и покрај фактот дека е постигнат значителен напредок во пристапот до чиста вода за пиење за милијарди луѓе, секое трето лице нема пристап до безбедна вода за пиење, две од пет немаат основни услови за миење на раце со сапун, и повеќе од 673 милиони луѓе немаат соодветни санитарни услови за извршување на физиолошките потреби.

ON voda

Во контекст на се уште актуелната пандемија, критичната важност на санитарните системи, хигиената и соодветен пристап до чиста вода е видлива, но Светската здравствена организација предупредува дека милијарди луѓе се уште немаат безбедна санитарна вода.

Други алармантни бројки покажуваат дека недостатокот на вода влијае на околу 40 отсто од луѓето во светот и тој процент може да се зголеми со зголемувањето на глобалните температури. Резултатите од истражувањето во 2011 година покажаа дека 41 земја се соочува со проблеми во снабдувањето со вода, а десет земји ги исцрпија своите обновливи залихи на слатка вода. Проекциите за 2050 година велат дека секое четврто лице ќе биде погодено од постојаниот недостаток на вода.

ON voda1

Една од седумнаесетте глобални цели што ја сочинуваат Програмата за одржлив развој на ОН до 2030 година е универзалниот пристап до чиста вода и санитарни услови. Ова вклучува инвестиции во инфраструктура, санитарни јазли и подобрување на хигиената на сите нивоа, како и заштита и реставрација на екосистеми поврзани со вода, како што се шуми, мочуришта, реки, планини.

Климатските промени, исто така, не треба да се игнорираат како проблем во снабдувањето со вода. Со оглед на тоа дека југоисточна Европа се загрева нешто побрзо од остатокот на планетата поради последиците од климатските промени, земјите може да се соочат со проблемот со недостаток на вода за пиење. Количината на врнежи не е намалена, но нивната дистрибуција се промени. Нарушувањата во циклусите на врнежи доведуваат до екстремни временски услови, негативно влијаат на истекувањето и акумулацијата на водата.

ON voda2

Испрати коментар

Scroll To Top