Насловна / Архитектура / Куќа со префинет стил

Куќа со префинет стил

li_081014_03-630x420

Cavin Costello од The Ranch Mile е проектант на модерната куќа во Феникс, Аризона, наречена “House Link” во директна врска со зборот ‘поврзување’.

li_081014_01-630x420

Куќата „Врска“ се наоѓа во историската населба Pierson Place, во Феникс, Аризона.

li_081014_02-630x354

Името го добила бидејќи е последна слободна парцела во соседството, односно алката што недостасува. Архитектонската фирма The Ranch Mile е ангажирана од страна на инвеститорот Ewan Boxwell за проектирање куќа за одмор, која ќе има три спални и две бањи.

li_081014_05-630x420
Куќата е дизајнирана како дел од урбаната структура, поврзувајќи ги двете парцели и сосетството, и физички и визуелно. Дневниот престој се отвора со лизгачки стаклени панели кон надворешниот простор. Проширувањето на површината оди во двоен правец, кон двете парцели односно кон двата приватни дворови.

li_081014_06-630x420 li_081014_09-630x420 li_081014_11-630x420
Дневната и трпезариската област во куќата се есенцијални за трансформацијата од затворен во отворен павилјон, идеален за забави.

li_081014_13-630x420 li_081014_17-630x420 li_081014_18-630x420

Спалните, бањите и помошните простории се сместени во главниот, приватен волумен на куќата. LED осветлувањето и конструкцијата што го врамува, овозможуваат енергетска ефикасност на куќата.

li_081014_20-630x420 li_081014_25-940x626 li_081014_24-940x626

Испрати коментар

Scroll To Top