Насловна / Архитектура / Куќа од соништа на оддалечена фарма

Куќа од соништа на оддалечена фарма

Трендот на живеење надвор од големите градови зема се повеќе свој замав. Многу семејства брзата и нервозна урбана средина одлучуваат да ја заменат со руралните, и токму таков е еден пример кој го привлече нашето внимание. Тоа е проектот на американското студио Cutler Anderson Architects, кој е неодамна презентиран и кој, според нашето скромно мислење, изгледа прекрасно.пенсилванија (6)

Се работи за минималистичка куќа лоцирана на фарма во Пенсилванија, а која носи малку поинаква визија за животот надвор од градот. И додека целиот имот е опкружен со природата, самиот објект изгледа како да би можел да е лоциран и во град, иако совршено се вклопува во целата атмосфера.пенсилванија (5)

Со екстериерот доминира бела боја, а видливи се мноштво масивни стаклени ѕидови, чија цел е да обезбедат што е можно повеќе природно светло. Кога станува збор за ентериерот, минимализмот повторно преовладува, но овојпат во комбинација со земјени нијанси и мноштво дрвени елементи кои на целиот амбиент му дава уште потопла нота.пенсилванија (4) пенсилванија (3) пенсилванија (2) пенсилванија (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top