Насловна / Архитектура / Куќа-Медуза со волшебни продори на светлина низ стаклениот базен

Куќа-Медуза со волшебни продори на светлина низ стаклениот базен

jellyfish_house1
Кога ќе се спомене приватен дом со вграден базен, обично не го замислуваме на кровот. Но куќата-медуза, која се наоѓа во Марбела, на медитеранскиот брег на Шпанија, е карактеристична по необичниот кровен базен.

jellyfish_house2

Wiel Arets Architects, понудија интелигентно решение на базен поставен на конзола, за да се избегне проектантскиот проблем: блокада на погледите кон морето од соседните згради. На овој начин, плажите на Медитеранот се секогаш на видик додека се сончате или пливате во базенот.

jellyfish_house4 jellyfish_house5

Фасцинантниот инфинити-базен со својата југозападна ориентација се соочува со планинскиот венец Sierra Bianca во далечината, а водната површина на базенот како да се преточува во морскиот хоризонт. Тежејќи над 66 тони, базенот има стаклено дно и панорамски прозорец кон ентериерот, со што луѓето кои пливаат се составен дел од сценографијата на куќата. Така пливачите може да погледнат што се случува во внатрешноста на куќата, а истовремено посетителите во трпезаријата можат да видат кој е во базенот.

jellyfish_house8
Високото „шпанско“ сонце постојано продира низ водната површина и стаклените базенски ѕидови, создавајќи смирувачки, тиркизни рефлексии низ целиот бел волумен на бетонската куќа. Куќата се развива на четири ката и има пет спални соби низ неа, а просторот е организиран со две патеки на циркулација – „брз“ и „бавен“ сет на скали. Брзото скалишно јадро ќе ве однесе директно до базенот, а бавното ќе ве „прошета“ низ главниот простор за дневен престој па сè до гостинските спални. Сите не-бетонски ѕидови се застаклени, така што светлината постојано продира во домот.

jellyfish_house3 jellyfish_house6 jellyfish_house7 jellyfish_house11
Првиот кат е опремен со сауна, парна бања и кујна. Мал сервисен лифт услужува со храна и пијалак од тука до кое било ниво на куќата, вклучувајќи го и кровниот базен. Со својот отворен концепт, овој модерен и луксузен стан ги изместува границите помеѓу внатрешноста и надворешноста.

jellyfish_house12

Испрати коментар

Scroll To Top