Насловна / Архитектура / Куќа која се подига во случај на поплава

Куќа која се подига во случај на поплава

kukja-za-poplavi

Некои подрачје во Велика Британија кои се подложни на поплави, можат да се развијат и унапредат за живеење само доколку би се нашол начин за зачувување на градбите во ризични ситуации. Постои подготвеност да се одвои и поголема сума при купување на недвижностите, но само доколку се тие обезбедени во случај на поплава. Токму тука лежи иницијативата за „Elevating House“: изградба на семејна куќа која едноставно ќе се подигне „на нозе“ во случај на поплава.

kukja-za-poplavi1

Проектирана од страна на компанија која се занимава со изградба и развој Larkfleet Group, „Elevating House“ личи на типичните трисобни семејни куќи во Велика Британија. Системот за заштита од поплави функционира така што по предупредување за пoплава, механичкиот систем (мотор, редуктор и погонска оска) ја подига куќата од 65 тона на височина од 1,5 метри во рок од 5 минути.

Низата соларни панели на покривот би обезбедиле напојување на објектот додека е подигнат од тлото, а канализацијата и водоснабдувањето е овозможено со флексибилни цевки. Во периодот додека куќата е подигната, станарите се евакуираат на друго место.

Larkfleet обезбеди дозвола за изградба на „Elevating House“ и ако се биде во ред, може да се гради веќе од 2017 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top