Насловна / Вести / Куќа изградена околу дрво

Куќа изградена околу дрво

Kukja okolu drvo

Куќа која се наоѓа во шумата не е несекојдневен концепт. Но, куќа конструирана околу дрво е навистина иновативен концепт. Архитектот од  студиото „ A.Masov Architects“, Аибек Алмасов од Алма Ата во Казахстан на возраст од 25 години, е голем вљубеник во природата, па тоа е причината за неговата креација „Дрво во куќа“, односно куќа проектирана околу  дрво, во вид на транспарентен цилиндер.

Kukja okolu drvo1

„Од мојот прозорец имам прекрасен поглед на планината. Ја сакам природата со својата тишина и убавина. Но, за да се изгради куќа во една таква средина би требало да се исечат дрвјата на конкретната површина, што никако не е одржлив концепт, и таа идеја воопшто не ми се допадна.

Kukja okolu drvo2

Затоа почнав да ја развивам идејата за куќа околу дрво на четири ката со метална конструкција и транспарентни ѕидови, соларни колектори и фотоволтаици, како и систем за вентилација“, вели Алмасов.

Kukja okolu drvo3

Тој веќе има понуди за инвеститори за овој проект, но ги одбива оние што инсистираат на чиста комерцијализација. Неговата концепција се заснова на употреба на еколошки материјали, со што цената на инвестицијата достигнува околу 340.000 евра.

Kukja okolu drvo5

Сепак, тој се надева дека во иднина цените на материјалите што се базираат на зелени технологии ќе бидат поевтини.

Kukja okolu drvo4

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top