Насловна / Арт и дизајн / Кровот на Unite d’ Habitation од Ле Корбизје низ уметничката перцепција на Даниел Бурен

Кровот на Unite d’ Habitation од Ле Корбизје низ уметничката перцепција на Даниел Бурен

01-mamo-buren_resize

Во тек на летото 2013-та, Ора Ито го отвора МаМо (кратенка од Marseille Modulor, Центар за уметност во Марсеј) со покана за Даниел Бурен, светски реномираниот концептуален уметник чии дела се комбинација од инсталација, скулптура и слики, а многу пати и интервенции во просторот, сметајќи го за најсоодветен за изложбата на кровот од култниот објект на модерната архитектура, станбената единица Unite d’ Habitation во Марсеј, Франција, проектиран од Ле Корбизје.

08-mamo-buren_resize 00-mamo-buren_resize
Изложбата насловена во оригинал “Defini, Fini, Infini”, што во превод би било „Дефинитивни, Конечни, Бесконечни“, е изложба составена од колекција на седум неизложувани монументални уметнички дела, кои јавно го поставуваат прашањето на перцепцијата и трансформацијата на еден митски покрив испроектиран од познатиот архитект Ле Корбизје, со кој се утврдени постулатите на Модерната.

03-mamo-buren_resize 02-mamo-buren_resize 05-mamo-buren_resize 06-mamo-buren_resize
Даниел Бурен го зграпчува во свои раце концептот на ремек-делото на Ле Корбизје, претворајќи го во своевидна денешна перцепција, низ разместени перспективи, различни агли на набљудување, апсорбирање на животната средина, притоа поигрувајќи си со различните димензии, светлината, боите, сенките што се проектираат…

04-mamo-buren_resize

Овие експонати изгледаат како да се сраснати со самата архитекура и замисла на архитектот, а ќе го оживуваат и красат кровот до септември 2014 година.

07-mamo-buren_resize

Испрати коментар

Scroll To Top