Насловна / Вести / Крајниот рок за легализирање на дивоградбите е утре – 31 март

Крајниот рок за легализирање на дивоградбите е утре – 31 март

Надлежните во ноември минатата година го пролонгираа рокот за легализација на дивоизградени а досега се поднесени педесет илјади нови барања.

Крајниот рок е утре, а министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски апелира до граѓаните да побрзаат и да ги искористат можностите.рок за дивоградби

„Апелирам секој граѓанин кој има потреба да достави барање да си го фати редот. Утре завршува законскиот рок по што нема да можат да достават дополнително барање“, изјави Мисајловски, кој присуствуваше на доделување нови решенија за легализација во општина Ѓорче Петров.

Пролонгираниот рок според надлежните се прави во интерес на граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти, и тие очекуваат нови барања во текот на следната година.

Првичниот датум за легализација беше до 31 декември а досега се доставени 360.000 барања. Од нив  175.000 се поднесени елаборати, додека 135.500 барања се  запишани во катастарот и легализирани.

Испрати коментар

Scroll To Top