Насловна / Архитектура / „Котекс Сплит“ – прв шопинг мол во комунистичка Европа

„Котекс Сплит“ – прв шопинг мол во комунистичка Европа

Трговскиот центар „Котекс“ лоциран во сплитската населба Грипе, во времето на своето отворање бил првиот вистински шопинг мол во комунистичка Европа, и видлив архитектонски симбол на југословенската смеса помеѓу комунизмот и конзумеризмот.котекс сплит_1

Овој објект потпишан од архитектот Славен Рожиќ (1943-2015) се смета за еден од најдобрите на социјалистичкиот постмодернизам. Се работи за наменски изграден објект во склоп на спортскиот комплекс Грипе, а во функција на Медитеранските игри во 1979 година. Спортскиот центар со две спортски сали – голема поливалентна со 6.000 места и мала со 3.500 места, е дело на сараевскиот архитект академик  Живорад Јанковиќ (1924-1990) во соработка повторно со Славен Рожиќ.котекс сплит_4

Целиот комплекс со површина од 53.000 квадратни метри, со извонредна локација недалеку од градското јадро, со години потоа станува центар на сите збиднувања со градот, па денешниот целосно запуштен изглед е дотолку повеќе апсурден. Центарот е речиси целосно девастиран.котекс сплит_3

Имено, поради атрактивната локација комплексот станува плен на транзицијата во текот на деведесеттите, и оттогаш е предмет на бројни судски спорови, не успевајќи да одолее на забот на времето. Единствено активен и понатаму останува спортскиот дел од комплексот.котекс сплит_2

Идеите на потенцијалните сопственици во еден период кулминираат со ставот дека „старото и грдото“ треба веднаш да се сруши. Необичната обработка на површините со поставување на светли косо наредени плочки ја ублажува монументалноста на објектот.

Прекршените линии на пресеците и тлоцртот се моќни но истовремено и одмерени, а динамиката на постојано променливите сенки му даваат на комплексот аура на оптимизам и постојана асоцијација на движење и игра.

Како куризозитет вреди да се спомене дека во 1985 година од овде започнала светската турнеја на славниот рок бенд Dire Straits.котекс сплит

Со цел овој архитектонски бисер да се спаси од рушење или реконструкција која целосно ќе го нагрди, како и трајно да се заштити како културно и архитектонско наследство, едно здружение од Трогир започна иницијатива за впишување на „Котекс“ во регистарот на културни добра на Хрватска, но и за нов живот на објектот, по примерот на Kulturforum во Берлин.

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top