Насловна / Вести / Коридорот 10 нема да биде завршен до крајот на годината

Коридорот 10 нема да биде завршен до крајот на годината

Грчката фирма „Актор“ која треба да гради четири делници од источниот крак, го прекина градењето, а сметката година дена им била блокирана за 10 милиони евра, се наведува во извештајот на Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, информира српскиот портал „Политика“.

Според пишувањето, „Актор“ нема работна сила, нема механизација и нема средства за градење на кракот кон Бугарија, а сметката година дена им е блокирана, стои во извештајот за градба на патот Ниш-Димитровград, кој го направи работна група во декември минатата година од ресорното министерство.koridor-10

Тоа е закана дека коридорот 10 нема да биде завршен до крајот на годината, како што беше најавувано.

Работната група која го составила документот смета дека претпријатијето „Коридори Србија“ е виновно затоа што не ја следело динамиката на работа и  не казнувало непочитување на договорот.

Тие направиле повеќе трошоци, но не казнувале за непочитување на договорот.

На Грците им уплаќале пари без одобрување од банка, а тие останале должни на добавувачите, не ја завршиле работата, ја напуштиле градбата и материјалот пропаѓа.

Овој документ во Чачак на новинарите го поделил Велимир Илиќ, лидер на партијата „Нова Србија“ и поранешен министер за инфраструктура.

Исплатени биле 23.3 милиони евра за дополнителни аванси, за ослободување на гарантни депозити биле платени 440 милиони динари и за отштета 1.1 милијарда динари.

„Актор“ повлекувал пари, а работите не напредувале како што треба.

Оваа грчка фирма гради вкупно 48,7 км пат.

Испрати коментар

Scroll To Top