Насловна / Вести / Коридорот 10 во Србија ќе биде завршен во 2016 година

Коридорот 10 во Србија ќе биде завршен во 2016 година

01 Директорот на Коридори на Србија, Димитар Ѓуровиќ, најави дека Коридорот 10 ќе биде завршен во предвидениот рок – средината на 2016 година. Мисијата на Светска банка, која претходните недели ги обиколи градилиштата на Коридорот 10 во Србија, констатираше голем напредок во изградбата на тој дел од патниот правец. Според Ѓуровиќ годинава е планирано да се завршат 50 километри од автопатот на коридорите 10 и 11, иако во моментов компанијата Коридори на Србија е фокусирана на мостови и тунели. На тој начин ќе се оствари нашиот повеќедецениски сон, целиот Коридор 10, но и поголем дел од Коридорот 11, да бидат завршени до средината на 2016 година, рече тој.

Испрати коментар

Scroll To Top