Насловна / Градежништво / Конкурс за урбано-архитектонско решение за автобуска и железничка станица и деловно-комерцијален комплекс во блок 42 во Нов Белград

Конкурс за урбано-архитектонско решение за автобуска и железничка станица и деловно-комерцијален комплекс во блок 42 во Нов Белград

konkurs za avt i zelez vo nov belgrad_1
Градот Белград  и Заводот за урбанизам на Белград ЈУП во соработка со Друштвото на архитекти на Белград распишаа јавен, отворен, едностепен и анонимен конкурс за урбанистичко-архитектонско решение на автобуска и железничка станица и деловно-комерцијален комплекс во Блок 42 во Нов Белград. Инвеститор на конкурсот е Дирекција за градежно земјиште и изградба на Белград.

Областа што е предмет на конкурсот  е блокот 42 во Нов Белград, просторот помеѓу улиците „Јуриј Гагарин“, „Пролетерска солидарност“, Булевар „Милутин Миланковиќ“ и улицата „Ѓорѓе Станојевиќ“.

konkurs za avt i zelez vo nov belgrad_3

Целта на конкурсот е да се избере најдобро технолошко-сообраќајно, урбанистичко и архитектонско решение за изградба и уредување на автобуска и железничка станица во Нов Белград и деловно-комерцијален комплекс во Блок 42, како основа за изработка на планот за детална регулација.

Крајниот рок за поднесување е 13/05/2014, а објавувањето на поведниците е 10/06/2014.

Право да учествуваат на конкурсот имаат поединци и тимови експерти од Србија и странство, кои ги исполнуваат следниве критериуми: авторите, дипломирани инженери и архитекти, да имаат лиценца на одговорен проектант од Инженерската комора на Србија и стручните тимови кои учествуваат на конкурсот да имаат најмалку еден дипломиран инженер по архитектура со лиценца на одговорен проектант од Инженерската комора на Србија, кој го претставува тимот.

konkurs za avt i zelez vo nov belgrad_2

Објавата и програмата на конкурсот може да се погледнат на посебната интернет-страница на Заводот за урбанизам на Белград:

www.urbel.com/blok42konkurs

e-mail: [email protected]

Испрати коментар

Scroll To Top