Насловна / Вести / Конкурс за идејно решение за реконструкција на музејската поставка во Кинотека на Македонија

Конкурс за идејно решение за реконструкција на музејската поставка во Кинотека на Македонија

kinoteka konkurs (4)

Кинотеката на Македонија распиша конкурс за идејно решение за реконципирање на постојаната музејска поставка во Кинотека на Македонија.

Целокупниот простор предвиден за изложбената поставка во функција на Кинотеката на Македонија, треба да има културолошки и едукативен аспект претставувајќи ја кинематографијата и нејзините составни чинители, односно да се претстави севкупната слика за развојот на македонската кинематографија, со посебен акцент на продуцентската компанија „Вардар филм“.kinoteka konkurs (5)

Функционалната поделба на просторот треба да овозможи повеќенаменско користење, односно претставување на содржините на светската и, пред сè, на македонската кинематографија по периоди.

kinoteka konkurs kinoteka konkurs (3) kinoteka konkurs (2)

Тендерската документација е на линкот подолу, а сите дополнителни информации, заинтересираните можат да ги добијат во просториите на Кинотека на Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top