Насловна / Архитектура / Конкурс за Европската награда за урбан јавен простор за 2016

Конкурс за Европската награда за урбан јавен простор за 2016

Центарот на современа култура во Барселона (The Centre de Cultura Contemporània de Barcelona – CCCB ) го објави деветтиот по ред конкурсот за Европската награда за урбан јавен простор (European Prize for Urban Public Space 2016).

Се работи за биенален почесен конкурс создаден во 2000 година, со цел препознавање на креации, обновување и унапредување на урбаните простори, земајќи во предвид дека нивната состојба е јасен показател за демократското здравје во нашите градови.

9c6910cd-15db-4fed-9817-26d1d7e08f4b

Наградата за 2016 година е во потрага по најдобрите интервенции во јавниот простор во европските градови, во текот на 2014 и 2015 година.

Заинтересираните можат своите дела и трудови да ги поднесат од 13 јануари до 22 февруари 2016 година.

Сите информации за учество на конкурсот за наградата се достапни на официјалната веб страница на конкурсот: European Prize for Urban Public Space 2016.

Испрати коментар

Scroll To Top