Насловна / Вести / Конгрес за одржлива е-мобилност во Австрија

Конгрес за одржлива е-мобилност во Австрија

lpgo e-urbn mobility avstrija kongres
Од 16. до  17. септември  2015 година во Клагенфурт во Австрија ќе биде одржан конгрес посветен на е-мобилноста. Во рамките на конгресот, присутните ќе разговараат за прашања од областа на одржливи паметни облици на е-мобилност, возила кои не емитуваат стакленички гасови, електрични автомобили, финансирање на одржливата е-мобилност. Ќе биде претставен и таканаречениот CEMOBIL – проект кој ја промовира одржливата мобилност и има за цел возилата да користат енергија од обновливи извори. Исто така ќе биде одржана и изложба , но и организирани тест возења во возилата на алтернативен погон.  Организатори на ово конгрес се градот Клагенфурт, проектот CEMOBIL, и CIVITAS CAPITAL.

Испрати коментар

Scroll To Top