Насловна / Вести / Конференција за одржливa енергија во Брисел

Конференција за одржливa енергија во Брисел

facebook_banner

Од 15 до 19 јуни во Брисел ќе биде одржана десеттата конференција по повод Европската недела за одржлива енергија. Во рамките на оваа конференција ќе се разговара за принципите на одржливоста во енергетскиот сектор, односно ќе биде ставен акцент на енергетската ефикасност и емисијата на стакленички гасови. Ќе стане збор и за улогата на новите потрошувачи во новата Енергетска унија, а ќе се одржат и изложби и работилници посветени на „чистата“ енергија.

Во рамките на конференцијата ќе бидат доделени и награди за одржливи проекти. Номинирани се девет проекти во категориите: обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и градови, заедници и региони. На минатогодишната манифестација беа одржани околу 900 настани со над 100.000 учесници.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top