Насловна / Вести / Конференција за одржлив развој во Белград

Конференција за одржлив развој во Белград

odrzliv razvoj

На Факултетот за економија, финансии и администрација во Белград, на 27 март ќе биде одржана меѓународна конференција на која ќе се презентираат нови модели на одржливиот развој. Во рамките на оваа конференција ќе биде промовиран одржливиот развој, претприемништвото и ефикасното користење на ресурсите. Истоа така ќе стане збор и за проблемите од областа на енергетската ефикасност, користењето на отпадот како сировина и сл. Ќе биде претставен и моделот „Сина економија“, чија основна цел е развој на одржливо претприемништво базирано на принципите на зачувување на природата. Покровители на оваа конференција се Светската банка и Иновацискиот фонд.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top