Насловна / Вести / Кондоминас во притвор, Офицерскиот дом се гради

Кондоминас во притвор, Офицерскиот дом се гради

rsz_raskopuvanje_01_am
Изградбата на Офицерскиот дом и хотелот до плоштадот Македонија познати како комплекс „Градска куќа“ продолжува. Притворот на грчкиот бизнисмен и инвеститор во Македонија, Димитри Кондоминас, затворен под сомнение за перење пари, засега не ја попречи работата на овој градежен проект.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека до нив нема стигнато известување од неговите правни застапници во земјава за каков било прекин во изградбата на комплексот.
Според Законот за градба, инвеститорот на парцелите, во случајот фирмата на Контоминас „Прајм пропертис“, треба да ја започне градбата две години по правосилноста на одобрението за градба. Тој градежната парцела ја доби на тендер со намена објект за државна институција кој треба да наликува на поранешниот Офицерски дом, а одобрението е издадено на 10 април 2012 година. Тоа значи дека во наредните два и пол месеци на оваа локација треба да има интензивни градежни активности. Одобрението за хотелскиот комплекс е издадено на 31 јануари 2013 година, односно рокот истекува во 2015 година.
Од Министерството за транспорт и врски велат дека доколку не се почитуваат предвидените рокови наведени во договорот, тој ќе биде раскинат. Купувачот, пак, ќе плаќа соодветни пенали и земјиштето се враќа во сопственост на Република Македонија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top